Секретар на СДСМ
Андреј Петров
Андреј Петров е роден на 26. 05 1971 година во Скопје, каде ги завршува основното и средното образование.
Медицинскиот факултет завршува во Скопје во 1995 година со просечен успех-9,52. Од 1996 година работи на Клиниката за дерматовенерологија.
Специјализирал 1997-2000 год на Медицински факултет во Скопје, на предметот дерматовенерологија. Претстојувал на стручен претстој во Клиничкиот центар во Љубљана и на Универзитетската клиника во Гетеборг (Шведска).
Магистрирал 2002 година на ВМА во Белград(Србија).
Зборува англиски и италијански јазик и делумно француски јазик.
Специјалист-консултант е на болницата Ремедика во Скопје.
Член е на СДСМ од 1998 година.
Бил заменик шеф на Изборен штаб на ОО СДСМ Карпош на парламентарни избори 2002 година, шеф на Регионалниот изборен штаб на ИЕ 1 во 2006 година на парламентарни избори, шеф на Градскиот изборен штаб на претседателски и локални избори 2009 год.
Секретар е на ОО СДСМ Карпош во периодот 2003-2005.
Член е на ИО на ЦО на СДСМ од 2006 до 2009.
Бил Градоначалник на Општина Карпош од 2003 до 2008.
Претседател е на Заедницата на единици на локална самоуправа(ЗЕЛС) 2005-2008, како и шеф на делегацијата на Македонија во Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа 2005-2008.
Од 2008 е пратеник во Собранието на Република Македонија и шеф на делегацијата на Собранието на РМ во ОБСЕ.
Женет е. Сопругата Дева е доктор специјалист за радиотерапија и онкологија. Има две деца, ќерката Јана и синот Марко.



