Зоран Јовановски

Лични податоци

  • роден во Белград на 08.01.1965 година

  • оженет

Образование

  • завршен економски факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во 1988 година

  • завршени постдипломски студии по економија и стекната академска титула магистер на Универзитетот на Арканзас, САД во 1997 година

  • корисник на стипендијата Рон Браун, доделена од канцеларијата за информации на САД

Професионална обука

  • Во текот на досегашната професионална кариера посетувани поголем број семинари и конференции, организирани од Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, Харвард универзитетот во САД, Банката за меѓународни порамнувања во Базел, Швајцарија, централните банки на САД, Англија, Австрија, Израел, Швајцарија, Јапонската агенција за меѓународна соработка, Агенцијата за трансфер на финансиска технологија од Луксембург. Добиена и едукација за извршни банкарски директори при престижниот ИНСЕАД во Франција.


Професионална кариера

  • во текот на целата досегашна професионална кариера ангажиран во банкарскиот сектор

  • 11 години поминати во Народна банка на Република Македонија. Ангажиран на прашања од макроекономската проблематика, меѓу другото и како советник-координатор на гувернерот. Активен учесник во разговорите со мултилатералните финансиски институции и учесник на повеќе полугодишни и годишни Собранија на Меѓународниот Монетарен фонд и Светската банка. Во Народна банка ангажиран и на прашања поврзани со финансискиот сектор, како генерален директор на Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност.

  • 5 години поминати во приватниот банкарски сектор, главно за прашања од корпоративното банкарство. Од почетокот на јуни 2009 година ангажиран како советник на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје.