Гордан Георгиев
Гордан Георгиев до неодамна работеше како извршен директор на Форум- Центарот за стратегиски истражувања и документација. Има дипломирано и магистрирано на политички науки и меѓународни односи на Институтот за политички науки во Париз, а вторите магистерски студии по европски студии ги има завршено на Кралскиот колеџ во Лондон. Тој е директор на македонската Школа за политика, во рамките на регионалната програма на Советот на Европа којашто вклучува 15 други школи од регионот.
Тој има работено на проекти во Центарот за проучување на меѓународните односи од Париз (ЦЕРИ) и на мисии на фондацијата Шарл Леополд Мајер во Конго Бразавил.
Гордан Георгиев има добиено неколку стипендии од француски фондации и е прв лауреат на фондацијата Цетелем и францускиот Сенат.
Георгиев исто така има работено како консултант во Швајцарската агенција за развој како и на неколку владини проекти во Република Македонија.
Неговата експертиза вклучува работа на истражувачки проекти во областа на меѓутеничките односи, регионални безбедносни прашања, консолидација на политичките партии, децентрализација и локална самоуправа.



