Пристапница





PostHeaderIcon Членство во СДСМ

Извадоци од Статутот на СДСМ

  • Член на СДСМ може да биде секој полнолетен граѓанин - државјанин на Република Македонија, кој ќе даде изјава за доброволно членство во Партијата и кој ги прифаќа одредбите од овој Статут и Програмската декларација.
  • Членот на СДСМ ги има следните права и обврски:
  • да учествува во градењето и остварувањето на политиката на Партијата;
  • самостојно да презема иницијативи кои не се спротивни на овој Статут и на основните програмски и политички ставови на Партијата;
  • да избира и да биде избран во сите органи на Партијата;
  • да биде кандидат н апартиските листи за парламентарните и за локалните избори;
  • да биде редовно информиран за активностите на Партијата и критички да се осврнува врз нив;
  • да прима солидарна помош од Партијата, во согласност со посебни акти, особено во случај на повреди на неговите права поради членување во неа;
  • својата активност да ја извршува во согласност со Статутот;
  • да ги издвои сопственото мислење, предлози и ставови со кои останува во малцинството при расправата и во донесувањето одлуки и има право да бара нивно повторно разгледување кога ќе оцени дека се создале услови за тоа, да го извести и да бара поддршка од членството тие повторно да бидат разгледани од страна на организацијата или органот на Партијата во кои не би добиле мнозинска поддршка;
  • редовно да дава материјална поддршка на Партијата во вид на членарина, прилози и други облици на помош.
Анкета
Дали сте задоволни од работењето на Градоначалникот на Општина Делчево?
 
Решенија за Македонија

Присутни
Има 52 гости присутни