Прес конференција на ОО на СДСМ Делчево 07.09.2009
Почитувани сограѓани,
Општинската организација на СДСМ во Делчево Ве информира за следните случувања:
На 5-ти септември се одржа свечената седница на собранието на Општина Делчево по повод празникот 7-ми септември "Денот на ослободувањето на Делчево" и 8-ми септември "Денот на независноста на Република Македонија".
На овој настан советничката група од редовите на СДСМ во Делчево демонстративно ја напушти свечената седница пред говорот на Градоначалникот Горан Малешевски поради случувањата во образовните институции во Делчево чиј што основач е Локалната самоуправа.
На одреден број наставници договорот за работа им престана на 31 август. Со почетокот на учебната година во првите четири дена не беа повикани наставници и наставата по голем број предмети не беше застапена.
И покрај предупредувањата на министерот за образование во нашите образовни институции продолжи флагрантното кршење на законот за основно образование и законот за работни односи.
|
|




