Почитувани граѓани,

Дозволете ми да го изразам задоволството од учеството на делчевчани на неделниот митинг во Скопје организиран од страна на СДСМ. Во оваа пригода сакам да се заблагодарам на сите оние кои дојдоа со нас за да можеме да го изразиме нашето незадоволство од актуелната политика на ДПМНЕ, предводена од премиерот Груевски. Истовремено сакам да ја искажам нашата огромна благодарност на сите оние кои учествуваа во подготовката  и реализацијата на митингот водени од нивните  убедувања. Во недела и покрај сите притисоци, закани, опструкции, заплашувања, дождот и светското првенство во фудбал со нас на митингот во Скопје беа повеќе од 50000 граѓани присутни од цела Македонија. Она што остави белег на овој исклучителен настан е доминантното присуство на младите Делчевчани. Достоинствени, образовани, културни  и воспитани млади луѓе на кои што можат да им завидат и многу Европски земји. Ваквата бројност ни дава за право да продолжиме со уште поголем интензитет да ги штитиме интересите на нашите граѓани пред наездата на ваквата ненародна и антимакедонска власт.
Branko Crvenkovski
На тој начин со својата лична подршка и присуство на митингот сите тие покажаа дека Делчево е општина на која и е доста од лагите, празните ветувања, сеењето страв, тортурата и погубната политика на ДПМНЕ на чело со Груевски. Во неделата се потврди дека не само Делчево и околината туку цела Македонија е определена за достоинствена и европска Македонија. Се покажа дека владеачката гарнитура на Груевски не работат за татковината туку за парите на народот со кои се богатат себеси и своите семејства на маката и потта на граѓаните. Владеачката гарнитура во Делчево покажа дека не работи за развој на општината туку за камењата со кои се богатат себеси  на маката и потта на граѓаните на Делчево.
Почитувани граѓани, последниве три дена се соочуваме со целосно напуштање на елементарната логика и тотално лудило во земјата. Замислете, цела политичка гарнитура што е на власт заедно со првиот човек да незнае да изброи до 50000, а од друга страна постојано слушаме скапо платени реклами дека "ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА, ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ".

Претседател на ОО на СДСМ Делчево,
Горан Трајковски