Прес конференција на ОО на СДСМ Делчево 12.02.2010
Почитувани сограѓани,
Повод за оваа прес конференција е последната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, господинот Митко Антовски, во која бевме спомнати како политичка партија за случувањата во Здружението на возачи Делчево.
Во врска со здружението на возачи како политичка партија апсолутно немаме намера, ниту пак имаме право да се мешаме во нивната работа но, од друга страна упатувам апел до секретарот на здружението на возачи Коста Пантовиќ да излезе пред граѓаните на општина Делчево и да ги обелодени сите спомнати криминални дејствија кои се случувале таму без разлика на политичката припадност на инволвираните луѓе.
Во врска со летокот, јас во потполност се согласувам со изјавата на г-динот Антовски дека споменатиот роман би бил уште подобар, односно бест селер, доколку бевме консултирани, па затоа му оставаме простор за во иднина да не консултира. За содржината на летокот како Општинска Организација сметаме дека г-инот Антовски треба најдобро да знае, а не да го праша СДСМ.
Симптоматично во летокот е тоа што ниту на едно место не е спомнат господинот Антовски. Во целиот роман господине Антовски, Вие сте позитивен лик и Ви честитаме на тоа, меѓутоа не ни го префрлајте така едноставно авторското право.
ОО на СДСМ - Делчево Ве охрабрува и Ви дава целосна подршка да истраете на патот на голготата, бидејќи сметаме дека сте свесни како претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево за криминалните дејанија во кои учествуваат функционери од вашата партија. Цениме и сметаме дека треба да си ги средите работите во партијата чиј претседател во Делчево сте Вие, ако сеуште таму значите нешто.
Претседател на ОО на СДСМ Делчево,
Горан Трајковски



