Почитувани граѓани,

Во името на ОО на СДСМ Делчево Ви ја честитам Новата година и претстојните Божиќни празници и Ви посакувам добро здравје, среќа и успех.
Почитувани граѓани, сигурно имавте прилика да ги слушнете новогодишните честитки и од градоначалникот на општината, којшто на последната седница на совет во 2009 година со неговата деноноќна самопожртвуваност за доброто на граѓаните во оваа време на беспарица и сиромаштија се потруди да ја покачи цената на водата за 40%. Ќе Ви предочам еден од многуте аргументи поради кои ова покачување е апсолутно неоправдано и не издржано: “После пуштањето во употреба на браната Лошана трошоците за струја кои ги плаќаше ЈКПД Брегалница се минимални и смалени за 350000 денари месечно во просек“.
Логично е почитувани граѓани цената на водата во општина Делчево да биде намалена за 30%, а не да биде покачена за 40%.
Почитувани граѓани, човечки е, достоинствено е, одговорно е, бидејки се работи за здравјето на сите нас и нашите деца да знаеме каква вода конзумираме, поради што го повикуваме директорот на ЈПКД “Брегалница” да ги презентира последните извештаи од РЗЗЗ пред Вас граѓаните за да знаете за каков квалитет на водата  ќе плаќате 40% поскапа вода.

Претседател на ОО на СДСМ Делчево,
Горан Трајковски