Повод за оваа прес конференција е загриженоста на претседателот на ВМРО- ДПМНЕ во Делчево за нашето отсуство по повод чествувањето на празникот 23 Октомври - денот на Македонската револуцонерна борба.
Сакаме да му укажеме на г-инот Антовски дека ОО на СДСМ Делчево и тоа како го почитува веќе споменатиот празник, а причините за нашето отсуство почитувани граѓани произлегуваат токму од практикувањето на власта од страна на партијата чиј претседател во Делчево е г-динот Антовски. Господине Антовски, вие како вистински патриот, како вистински ВМРО-овец, (се разбира со ваша првична ЛДП-овска политичка провиненција), со голема грижа за сопствениот народ, а пред сé како граѓанин од прв ред си обезбедивте сертификат за директор за 5 дена, а и самиот добро знаете колку време им беше потребно на граѓаните од втор ред во оваа држава, ваши колеги да се здобијат со истиот сертификат. Исто така, како историчар треба да знаете дека нашите претци во вековите наназад не гинеле за да има граѓани од прв и втор ред.
Господине Антовски, вистински македонци верувајте поголеми од вас се и младите наставници кои ги истеравте од работа спротивно на законските прописи кои владеат во Република Македонија, а за да биде трагедијата уште поголема на нивно место си вработувате блиски роднини и пријатели без образование.
Господине Антовски, вистински македонци се и луѓето што ги истеравте од јавното комунално претпријатие “Брегалница” кои исто ги третирате како граѓани од втор ред, а истите само чесно и поштено го заработуваа своето парче леб.
Господине Антовски да не набројувам уште колку многу поголеми македонци од вас, ВМРО-овци по душа и тело ама не припадници на ДПМНЕ во овој град се несреќни и разочарани токму од одмаздничката политика чиј ментор сте вие. 
Многу брзо г-ине Антовски за многу нешта ќе треба да дадете одговор, а историјата како најдобар тест за времето ќе покаже со какви чувства сте вие спрема она што значи ВМРО, ама не ДПМНЕ.