PostHeaderIcon Прес конференција на ОО на СДСМ Делчево 30.06.2010

Почитувани граѓани,

Дозволете ми да го изразам задоволството од учеството на делчевчани на неделниот митинг во Скопје организиран од страна на СДСМ. Во оваа пригода сакам да се заблагодарам на сите оние кои дојдоа со нас за да можеме да го изразиме нашето незадоволство од актуелната политика на ДПМНЕ, предводена од премиерот Груевски. Истовремено сакам да ја искажам нашата огромна благодарност на сите оние кои учествуваа во подготовката  и реализацијата на митингот водени од нивните  убедувања. Во недела и покрај сите притисоци, закани, опструкции, заплашувања, дождот и светското првенство во фудбал со нас на митингот во Скопје беа повеќе од 50000 граѓани присутни од цела Македонија. Она што остави белег на овој исклучителен настан е доминантното присуство на младите Делчевчани. Достоинствени, образовани, културни  и воспитани млади луѓе на кои што можат да им завидат и многу Европски земји. Ваквата бројност ни дава за право да продолжиме со уште поголем интензитет да ги штитиме интересите на нашите граѓани пред наездата на ваквата ненародна и антимакедонска власт.
Branko Crvenkovski
На тој начин со својата лична подршка и присуство на митингот сите тие покажаа дека Делчево е општина на која и е доста од лагите, празните ветувања, сеењето страв, тортурата и погубната политика на ДПМНЕ на чело со Груевски. Во неделата се потврди дека не само Делчево и околината туку цела Македонија е определена за достоинствена и европска Македонија. Се покажа дека владеачката гарнитура на Груевски не работат за татковината туку за парите на народот со кои се богатат себеси и своите семејства на маката и потта на граѓаните. Владеачката гарнитура во Делчево покажа дека не работи за развој на општината туку за камењата со кои се богатат себеси  на маката и потта на граѓаните на Делчево.
Почитувани граѓани, последниве три дена се соочуваме со целосно напуштање на елементарната логика и тотално лудило во земјата. Замислете, цела политичка гарнитура што е на власт заедно со првиот човек да незнае да изброи до 50000, а од друга страна постојано слушаме скапо платени реклами дека "ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА, ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ".

Претседател на ОО на СДСМ Делчево,
Горан Трајковски

 

PostHeaderIcon Прес конференција на ОО на СДСМ Делчево 12.02.2010

Почитувани сограѓани,

Повод за оваа прес конференција е последната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, господинот Митко Антовски, во која бевме спомнати како политичка партија за случувањата во Здружението на возачи Делчево.
Во врска со здружението на возачи како политичка партија апсолутно немаме намера, ниту пак имаме право да се мешаме во нивната работа но, од друга страна  упатувам апел до секретарот на здружението на возачи Коста Пантовиќ да излезе пред граѓаните на општина Делчево и да ги обелодени сите спомнати криминални дејствија кои се случувале таму без разлика на политичката припадност на инволвираните  луѓе.
Во врска со летокот, јас во потполност се согласувам со изјавата на г-динот Антовски  дека споменатиот роман би бил уште подобар, односно  бест селер, доколку  бевме консултирани, па затоа му оставаме простор за во иднина да не консултира. За содржината на летокот како Општинска Организација сметаме дека г-инот Антовски треба најдобро да знае, а не да го праша СДСМ.
Симптоматично во летокот е тоа што ниту на едно место не е спомнат господинот Антовски. Во целиот роман господине Антовски, Вие сте позитивен  лик и Ви честитаме на тоа, меѓутоа не ни го префрлајте така едноставно авторското право.
ОО на СДСМ - Делчево Ве охрабрува и Ви дава целосна подршка да истраете на патот на голготата, бидејќи сметаме дека сте свесни како претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево за криминалните дејанија во кои учествуваат функционери од вашата партија. Цениме и сметаме дека треба да си ги средите работите во партијата чиј претседател во Делчево сте Вие, ако сеуште таму значите нешто.

Претседател на ОО на СДСМ Делчево,
Горан Трајковски

 

PostHeaderIcon Прес конференција на ОО на СДСМ Делчево 04.01.2010

Почитувани граѓани,

Во името на ОО на СДСМ Делчево Ви ја честитам Новата година и претстојните Божиќни празници и Ви посакувам добро здравје, среќа и успех.
Почитувани граѓани, сигурно имавте прилика да ги слушнете новогодишните честитки и од градоначалникот на општината, којшто на последната седница на совет во 2009 година со неговата деноноќна самопожртвуваност за доброто на граѓаните во оваа време на беспарица и сиромаштија се потруди да ја покачи цената на водата за 40%. Ќе Ви предочам еден од многуте аргументи поради кои ова покачување е апсолутно неоправдано и не издржано: “После пуштањето во употреба на браната Лошана трошоците за струја кои ги плаќаше ЈКПД Брегалница се минимални и смалени за 350000 денари месечно во просек“.
Логично е почитувани граѓани цената на водата во општина Делчево да биде намалена за 30%, а не да биде покачена за 40%.
Почитувани граѓани, човечки е, достоинствено е, одговорно е, бидејки се работи за здравјето на сите нас и нашите деца да знаеме каква вода конзумираме, поради што го повикуваме директорот на ЈПКД “Брегалница” да ги презентира последните извештаи од РЗЗЗ пред Вас граѓаните за да знаете за каков квалитет на водата  ќе плаќате 40% поскапа вода.

Претседател на ОО на СДСМ Делчево,
Горан Трајковски

 

PostHeaderIcon Прес конференција на ОО на СДСМ Делчево 26.10.2009

Повод за оваа прес конференција е загриженоста на претседателот на ВМРО- ДПМНЕ во Делчево за нашето отсуство по повод чествувањето на празникот 23 Октомври - денот на Македонската револуцонерна борба.
Сакаме да му укажеме на г-инот Антовски дека ОО на СДСМ Делчево и тоа како го почитува веќе споменатиот празник, а причините за нашето отсуство почитувани граѓани произлегуваат токму од практикувањето на власта од страна на партијата чиј претседател во Делчево е г-динот Антовски. Господине Антовски, вие како вистински патриот, како вистински ВМРО-овец, (се разбира со ваша првична ЛДП-овска политичка провиненција), со голема грижа за сопствениот народ, а пред сé како граѓанин од прв ред си обезбедивте сертификат за директор за 5 дена, а и самиот добро знаете колку време им беше потребно на граѓаните од втор ред во оваа држава, ваши колеги да се здобијат со истиот сертификат.

Повеќе...

 

PostHeaderIcon Прес конференција на ОО на СДСМ Делчево 30.09.2009

Почитувани сограѓани,

Како Општинската организација на СДСМ во Делчево чувствуваме за потреба да Ве информираме за следните случувања:
Знаеме дека исто како и владата и нашиот градоначалник работи 24 часа дневно, седум дена во неделата пет месеци до сега и резултат од тоа почитувани граѓани за пет месеци педесетина луѓе останаа без работа. Нека ви служат на чест градоначалниче вашите првични резултати и се прашуваме уште колку луѓе до крајот на вашиот мандат ќе останат без работа.
Почитувани граѓани Ве известуваме дека во изборната програма на Градоначалникот Горан Малешевски на 51 страна стои:
"Секој народ се осознава и препознава преку своето културно наследство и култура. Во оваа насока нужно е негување и унапредување на културата."
За само пет месеци негување и унапредување на културата градоначалникот и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево се откажаа од дел од своето културно богатство!
Имено на последната седница на Советот на Општина Делчево одржана на ден 25 септември Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за престанок на работа на Локалниот археолошки, етнолошки, историски и природно-научен музеј со образложение дека нема финансиски средства за негово одржување. Решението за исполнување на посебните услови за работа на Локалниот музеј го даде министерката Елизабета Камчевска Милевска на 24.12.2008 година.

Повеќе...

 

<< Почеток < Пред 1 2 Следно > Крај >>

Лист 1 од 2

Анкета
Дали сте задоволни од работењето на Градоначалникот на Општина Делчево?
 
Решенија за Македонија

Присутни
Има 4 гости присутни